23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Фото) Ерупцијата го разнесе врвот на вулканот во Индонезија

Вулканот Синабунг во северниот дел на островот Суматра во Индонезија исфрли пепел во висина од пет километри, а силата на ерупцијатa го разнела целиот планински врв.

Сликите пред и по ерупцијата направени од Индонезискиот центар за вулканологија покажуваат дека од врвот на планината фали еден огромен дел. Во оваа најнова активност на вулканот нема повредени, а на видеата што се објавуваат се гледаат деца кои со викање бeгаат од своето училиште.

Инаку, овој вулкан, кој е еден од трите што моментно се активни во Индонезија, бил неактивен дури четири века, а за првпат еруптира во 2010 година, кога две лица загинаа.

Регионалниот центар во Дарвин, Австралија, издаде „црвен аларм“ за летови поради вулканската пепел во водухот. Околу 30.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во областа на вулканот во текот на изминатите години.

Индонезија се наоѓа на т.н. Пацифички огнен прстен, област позната по сеизмичката активност и вулканските ерупции.

Спонзорирано: