23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Универзалната сала по тоа што му го направија на Скопје

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за Универзална сала, за 11 години колку што управуваше со Владата и со Град Скопје ќе го реконструираше овој објект од значење за градот и граѓаните, реагираат денеска од СДСМ во врска со обвинувањата од страна на опозициската партија.

„Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за лажен барок, гипс-картон, споменици и инсталации во коритото на реката Вардар, со што освен што криминално и расипнички ги потроши парите на граѓаните, ја доведе во прашање и безбедноста на Град Скопје и неговите граѓани“, стои во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека од ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за Универзалната сала и Град Скопје, после сè она што му го направиле на градот.

„Промената на локалната власт во Скопје значи и враќање на сјајот на Универзалната сала како што заслужуваат граѓаните“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: