20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Им се заканувал со убиство на службениците кои му ја укинале социјалната помош

Вработена во Центарот за социјални работи во Скопје на 16 месецов пријавила дека од декември минатата година лицето Д.К. (58) ѝ упатувало закани по животот.

Образложила дека причината за тоа била што на Д.К. му била укината социјалната парична помош откако во Центарот за социјални работи било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани. Исто така, Д.К. упатувал закани по живот и на нејзина колешка.

Пријавителката посочила дека Д.К. подолг период ги вознемирувал вработените, но во последно време зачестиле заканите по нивните животи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: