16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жените во Саудиска Арабија ќе може сами да отвораат приватни бизниси

Жените во Саудиска Арабија отсега ќе може да отвораат приватни бизниси без согласност од мажите во семејството со цел поттикнување на приватниот сектор, соопшти тамошната влада.

„Жените отсега ќе може да почнуваат сопствен бизнис без одобрение од тутор“, соопштило саудиското Министерство за трговија и инвестиции.

Саудијките досега мораа да имаат одобрение од маж во семејството, вообичаено од сопругот, таткото или братот, за да почнат приватен бизнис.

Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман лани покрена низа реформи за да го поттикне учеството на жените во јавниот живот.

Саудијките се соочуваат со многу ограничувања. Тие не можат да патуваат и студираат без согласност од маж во семејството.

Спонзорирано: