17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Радев воодушевен од честа да биде прв странски политичар што го посетил манастирот Свети Јован Бигорски

Бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити вчера го посетија манастирот Свети Јован Бигорски.

Радев на Фејсбук напиша дека е воодушевен што бил првиот странски претседател што го посетил манастирот. Тој напиша дека високо ја цени улогата на Бигорскиот манастир за зацврстување на довербата и пријателството меѓу Македонија и Бугарија.

„Заминав од тоа место со чувство на долг и со увереност дека треба да работиме така да имаме поголема доверба и уште поголемо пријателство и да бидеме уште поблиски“, напиша Радев. Тој денеска објави видео од неговиот пречек и посетата на манастирот.