10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Тачи: Време е за војска

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави дека долгоочекуваното официјализирање на војската чука на врата.

Тачи рече дека е решителен во тоа Косово да добие своја војска, додавајќи дека стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.

Денеска во Собранието на Косово се одржа свечена седница по повод одбележување на 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово.

Претседателот на Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.

Спонзорирано: