23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Цената за ископ на јаглен е за 40 отсто помала од претходната

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, а ископот на јаглен е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола, реагира Социјалдемократскиот сојуз, по обвинувањата упатени на негова адреса дека платил двојно повисоки цени за ископ на јаглен за РЕК Битола.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по расипништво и милионски криминални тендери, очајно продолжува да шири лажни вести. Последна лажна вест е дека се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен во РЕК Битола. Според јавно достапните информации, цената за ископ изнесува 88 денари по гига џул, што е за 40 отсто помалку од претходната цена од 144 денари по гига џул колку што претходно им биле плаќани на „Трансмет“ и бизнис партнерите на Никола Груевски“, стои во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија бара од опозицијата да објасни зошто за време на нивното владеење, кога со РЕК Битола и ЕЛЕМ раководеа нивни кадри, цената за ископ била толку висока и каде завршувале парите од разликата меѓу реалната и напумпаната цена.