7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците што ги ослободи СДСМ пустошат по улиците

Криминалците кои ги ослободи СДСМ со амнестијата пустошат по улиците на Скопје, обвини на прес-конференција, Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Скопје криминалот завладеа на улиците. Граѓаните секојдневно се жртви на насилници, дилери, ограбувачи и криминалци. Црната хроника во медиумите сѐ повеќе се полни со случаи каде граѓаните се малтретирани и ограбувани од криминалците што ги ослободи владата на СДСМ.
Како резултат на амнестијата која ја спроведе владата на СДСМ и Зоран Заев околу 1.000 криминалци беа пуштени на улица. Граѓаните на своја кожа веќе ги чувствуваат последиците од оваа катастрофална одлука“, рече Нацев.

Како пример, ВМРО-ДПМНЕ посочи дека само три часа му биле потребни од пуштање од затвор до ново разбојништво на 21 годишно лице со прекар Оревче. Тој бил затекнат од сопственикот на куќата која што ја ограбувал, кого физички го нападнал и го претепал. Сличен е, велат, случајот и со 37 годишно лице кое во Идризово долги години издржувал казна затвор за повеќе кривични дела, како кражби, тешки кражби, разбојништво, кражба на возило и дрога. Уапсен бил од страна на полицијата во населбата Ново Лисиче, каде што извршил дрска кражба а се обидел да изврши и разбојништво.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат колку кривични дела од областа на насилниот криминал и имотните деликти се случиле изминативе неколку недели на подрачјето на Град Скопје, како и колку од нив се расчитени, а колку не се.

„Колку од делата каде жртви се граѓаните се сторени токму од лицата кои ги амнестираше Зоран Заев? Дали полицијата има некаков план со посебно ќе ги следи лицата кои беа амнестирани од Зоран Заев“, праша Нацев.