17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Андоновска: Скандалот со силуваното девојче не може да и го расипе викендот на Царовска

Негрижата и неодговорноста на институциите во случајот со силуваното девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје е само одраз на неспособноста на Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска. Ваква критика упати Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека еден ваков скандал воопшто не може да и го расипе викендот на министерката која без око да и трепне најавува дека после викендот ќе се решавал случајот кој ја потресе јавноста  во кој било силувано и забременило девојче, а потоа истото абортирало. Замислете девојче за кое државата презело одговорност да се грижи, поминува низ тешки моменти, а министерката дури утре комисиски ќе го разгледува“, изјави Андоновска и додаде дека скандалот заслужува разрешница и одговорност, па недозволиво е институциите да молчат.

Андоновска побара од Царовска да понесе политичка и морална одговорност и да поднесе оставка.