13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Кока-кола“ забележа загуба од 2,75 милијарди долари

Американската компанија „Кока-кола“ забележа загуба во последниот квартал од минатата година поради порастот на даночните обврски на 3,6 милијарди долари, што е последица на неодамна усвоените измени на даночните закони во САД.

Компанијата пријавила загуба од 2,75 милијарди долари или 65 центи по акција. Приходите на компанијата, исто така, паднале, откако најголемиот производител на безалкохолни пијалоци во светот го продава бизнисот за флаширање. Приходите паднале за 20 отсто на 7,51 милијарди долари, но сепак ги надминале проекциите на „Вол стрит“ кои предвидувале износ од 7,36 милијарди долари.

Аналитичарите уште претходно прогнозираа пад на двата показатели поради спроведување на измените во законите.

Спонзорирано: