18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Руските полицајци ги чуваат од вандали билбордите на Путин

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март годинава, а изборната кампања е во полн замав. Иако актуелниот руски претседател, Владимир Путин, ужива голема популарност, се чини дека тој не е најомилен лик во сите делови на Русија. Од друга страна, името на неговиот најголем политички ривал, Алексеј Навални, стана многу популарно во Москва.

 

Полицаец во западниот дел на Сибир неодамна изјавил дека тој и неговите колеги добиле наредба да ги користат своите возила за да ги заштитат билбордите на претседателот Владимир Путин. Целта на полициските службеници е да ги спречат активностите на делот од нацијата кој е насочен кон протести.

Оваа операција беше организирана поради тоа што вандали минатата недела уништиле два билборда на Путин со пиштоли со боја.

На една слика од Путин точно меѓу неговите очи била поставена точка во црвена боја.

Регистрирани биле и неколку други инциденти насочени кон кампањата на Путин, со слоганот: „Моќен претседател, силна Русија“.

Во Санкт Петербург неидентификуван човек минатиот месец го напишал зборот лажливец врз билборд на Путин. Од другата страна на земјата, во Владивосток, поединци со јајца гаѓале билборд од Путин.

Сличен инцидент се случил во уралскиот град Оренбург. Еден билборд во Серов бил гаѓан со јајца ноќта меѓу 11 и 12 февруари.

Како одговор на ова властите во градовите од целата земја, наводно, им наредиле на полицајците да ги чуваат билбордите од Путин 24 часа. Сепак, полицијата не е подготвена да признае дека се занимава со такви работи.

Локалните медиуми информираат дека дури и ако некој излезе со идеја за фотографирање на билбордите, полицијата ќе му нареди да се оддалечи од местото.

Така, на пример, регистрирана била една ситуација во која на руски блогер му било наредено да се оддалечи од билбордот на Путин кога тој се обидел да разговара со полицајците што биле паркирани до него.

Спонзорирано: