9.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија во црно: По смртта на родителите, ќерката се бори за живот

Дваесет и двегодишната И.А. од Кочани се бори за живот по семејната трагедија што се случи изутрината во Кочани.

По семејна расправија, таткото на девојката, Б.Л., неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.А.

Кога увидел дека жртвата покажува знаци на живот, посегнал по чекан и со него ѝ нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти.

Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22-годишната ќерка и 13-годишното момче, кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседите.

Ќерката се обидела да го спречи нападот врз мајка си, но притоа и самата била повредена.

По безуспешниот обид да го спречи својот татко кој со чекан ѝ задал смртоносен удар на мајка ѝ, го пријавила случајот во полиција.

Од МВР велат дека утринава во 3.10 часот во Полициската станица Кочани се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на улицата 9 Мај во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекле Б.А. (54) од Кочани.

Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, тој скокнал од покривот и починал.

„Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.А. (22).

Тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде што Л.А. починала, а И.А. сè уште се наоѓа во неконтактибилна состојба.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, информираат од МВР.

Спонзорирано: