11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат смени на директори – ова се новите имиња

Антонио Димов е назначен за нов директор на затворот „Идризово“. Тој доаѓа на местото на Ќерим Махмути, кој во декември поднесе оставка од функцијата. Промената на раководните функции во затворот следува кога досегашниот директор се повлече по одлуката на „Алијансата за Албанците“ да излезе од владината коалиција.

Димов има завршено Економски факултет и ја извршувал функцијата генерален секретар на ЛДП.

Исто тка Доктор Жан Зимбаков е назначен за нов директор на скопската Клиника за кардиологија. Тој доаѓа на местото на Беким Поцеста од редовите на „Алијансата за Албанците“.

Зимбаков од пред неколку месеци раководи со второстепената комисија за лекување во странство.