Девојчето кое останало 17 дена во мајчиниот стомак, откако нејзиниот брат близнак бил мртвороден, преживеало.
Гема Бриант, мајка на близнаците, рекла дека тагата поради загубата на синот и радоста поради родената ќерка Лекси е вистински ролеркостер од емоции.
Откако во 21-та недела го изгубила синот, лекарите ја предупредиле неа и нејзиниот сопруг дека другото дете ќе биде родено за три дена со мали шанси за преживување.
Меѓутоа, поминале 17 дена, а Гема повторно се нашла во салата за породување.
Породувањето поминало како што треба, а нејзините шанси за нормален живот се сè поголеми.
Лекарите рекле дека тоа е прв случај каде разликата помеѓу раѓањето на близнаци била толку голема, пишува Хул Дејли Мејл.
Фото: Хул Дејли Мејл