9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшна несреќа во Словенија: Возач на цистерна изгорел во кабина (Фото)

На приморски автопат во Словенија дошло до страшна несреќа во која загинало едно лице.

Како што јавуваат тамошните медиуми, една цистерна целосно изгорела по судир на четири товарни возила.

Освен цистерната, изгореле уште две возила, меѓу кои и еден шлепер.

Како што соопштиле од полицијата, до несреќата дошло кога цистерната удрила во еден од камионите пред неа, по што огнот зафатил повеќе возила.

Огнот се ширел од резервоарот, а возачот на цистерната не усепал да се спаси, па настрадал во кабината.

Фото: BHTruck/Facebook

Спонзорирано: