11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Родила додека била во кома: Ќеркичката ја запознала дури три недели после породувањето

Деане Хари (35) од Торквеј родила додека била во кома.

Не се сеќава на породувањето бидејќи се пробудила три недели подоцна.

Деане е ставена во индуцирана кома поради ретки компликации за време на царски рез.

Се пробудила за три недели во болницата Кинг Колеџ во Лондон. Последно на што се сеќава е одењето во болница и шегите на нејзиниот сопруг кој се обидувал да ја расположи пред операцијата.

„Прво ми покажаа фотографии, а потоа ми ја донесоа ќерката. Беше чудно. Не очекувате за првпат да го видите своето бебе целосно облечено“, рекла Деане која морала да оди и на трансплантација на црниот дроб.

За среќа, брзо пронашле донор на органи. Мајката била многу благодарна на донорот и на лекарите за брзата реакција.

Фото: Мирор

Спонзорирано: