12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Штотуку ослободен, нападнал чувар во близина на затворот

Само неколку минути откако излегол од притвор, дваесет и шестгодишниот Џамал Бенет од САД, нападнал чувар на паркингот во непосредна близина на затворот.

Затворскиот чувар пукал со оружје и го погодил Бенет во градите, кој во критична состојба бил пренесен во болница, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Бенет бил ослободен условно од притворот, каде се наоѓал поради кршење на законот за оружје.

Главниот инспектор на полицијата во Филаделфија го опиша инцидентот како бизарен, додавајќи дека Бенет по само неколку минути на слобода, му се врати на криминалниот начин на живот.

Спонзорирано: