20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Пентагон: Израел има право да се брани

САД целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани од закани, изјави портпаролот на Пентагон, откако Израел наведе дека погодил 12 ирански и сириски мети, вклучувајќи ги и сириските системи за воздушна одбрана.

„Американскиот Стејт департмет не учествуваше во оваа воена операција. Израел е наш најблизок безбедносен партнер во регионот и целосно го поддржуваме неговото право да се брани од територијални закани“, истакна портпаролот на Пентагон, Адријан Ранкајн – Галовеј.

Воздушните удари што ги изведе Израел следеа откако денеска беше соборен израелски воен при враќање од Сирија. Израелската војска претходно изјави дека соборила ирански дрон кој влегол во нивниот воздушен простор. Израелците го уништија иранскиот објект во Сирија, од каде било лансирано леталото.

Спонзорирано: