10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двојниците на Трамп и Ким атракција на отворањето на Зимските олимписки игри

Двојниците на американскиот и севернокорејскиот претседател, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун предизвикаа овации на трибините за време на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, пред да ги исфрли обезбедувањето од стадионот.

Лицата кои умешно беа маскирани во политичките лидери се појавија заедно на една од трибините, се фотографираа, па дури и одговараа на прашања.

„Гледате дека сепак се согласуваме“, рече двојникот на Ким, кој додека го влечеше обезбедувањето викаше „Чувајте ја сестра ми“.

На свеченото отворање присуствуваше и сестрата на севернокорејскиот лидер, која седеше на неколку метри оддалеченост од американскиот потпретседател, Мајк Пенс.