11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Познат јасновидец предвидува страшна 2018-та: Следуваат невидени земјотреси, вулкански ерупции и свирепа банкарска криза

Крег Хамилтон-Паркер, познат британски парапсихолог, јасновидец и мистик, на својот сајт ги објави прогнозите за 2018 година.

Паркер ги врзува со прогнозите за излегување на Велика Британија од Европската унија, како и за победата на Трамп на изборите во САД.

Тој ги наслови своите прогнози како “Психолошки и астролошки предвидувања за 2018 година”.

Во него се предвидува дека годинава ќе биде исполнета со политички превирања и еколошки кризи предизвикани од невидени климатски услови.

“Годината ќе ни донесе невидени земјотреси, вулкански ерупции и жестоки времиња.

Веројатно наскоро ќе има голема ерупција на вулкани во Исланд и Индија. Вулканот Везув исто така ќе се разбуди, гледам и проблеми на остров Искија, Италија “, се некои од еколошкитепредвидувања.
За политичките настани Крег Хамилтон-Паркер има посебна глава во текстот.

Центарот е Северна Кореја.

“Трговското ембарго против Северна Кореја ќе пропадне, но ситуацијата во оваа земја ќе се влоши и е можно народот да го тргнее Ким Џонг Ун од власт.

Терористи ќе напаѓаат од воздух со хемиско оружје престолнина во Европа, најверојатно Лондон или Берлин, или и двата града “, вели медиумот.

Во сферата на економијата, Крег Хамилтон-Паркер смета дека главниот проблем ќе е Италија. “Банкарскара криза на Италија ќе се појави повторно и ќе предизвика масовен банкрот на луѓе, како и одземање на нивните домови од банките. Еврото ќе поевтини, а во 2019 година ќе започне драматичен економски пад во Европа.

Фунтата и доларот остануваат сигурни скривалишта за инвеститорите “, прогнозира јасновидецот Тој има посебен дел за САД и Трамп.”

Обид за симнување на претседателот Трамп во средината на 2018 година ќе пропадне.

Потоа тој ќе започне голем трговски договор со Велика Британија и тоа ќе ја потресе ЕУ.

Станува збор за оружје, високотехнолошки продукции и автомобили.

Нема да има ѕид меѓу САД и Мексико.

Американски воен брод ќе потоне, и ова ќе биде претставено како терористички чин “, вели Крег Хамилтон-Паркер.