8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена пратеничка на СДСМ, како и уште еден функционер на владејачката партија

Вечерва околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело.

М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Според информациите на неколку медиуми, тешко повредената е пратеничка на владејачката СДСМ, додека 30 годишниот сопатник е исто така функционер од власта.