14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пјонгјанг одржа воена парада еден ден пред ЗОИ

Северна Кореја одржа воена парада еден ден пред отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, соопштија јужнокорејските медиуми. Како што пренесуваат медиумите, Северот често се гордее со своите воени паради, но извештаите за оваа парада се појавиле откако веќе се случила.

Овој настан обично се одржува во април, а движењето се смета за неуспех во процесот на затоплување на односите меѓу двете земји, околу Олимпијадата, пренесува Би-би-си.

Официјален Сеул соопшти дека в сабота претседателот на државата ќе се состане со делегацијата на Северна Кореја.

Мун Џеј-ин ќе има ручек со 22-члениот севернокорејски тим, во кој ќе бидат вклучени и церемонијалниот шеф на државата, Ким Џонг-нам и Ким Јо-џонг, сестрата на лидерот Ким Џонг-ун.

Зимските олимписки игри почнуваат утре и ќе траат до 25 февруари во јужнокорејскиот планински град Пјонгчанг.

Спонзорирано: