17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Готово е: Се укинува летното и зимското сметање на времето

Пратениците на Европскиот парламент денеска ќе ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното и зимското сметање на времето, а за резолуцијата ќе се гласа денеска на пладне.

Досегашната пракса во ЕУ е дека двапати годишно, на пролет и есен, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час. Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовникот е покренато поради сè повеќе докази за негативното влијание на таа пракса.

Парламентарците кои се залагаат за укинување на досегашната пракса наведуваат дека истражувањата покажуваат дека една петтина од популацијата страда од здравствени проблеми поради менувањето на часот.

Освен негативното влијание на човековиот биоритам, поместувањето на стрелките на часовникот доведува и до поголем број сообраќајни несреќи, повеќе нарушувања во семејствата, како и пад на продуктивноста на работните места. Во извештајот се додава и дека целта на промената на часовникот била да се заштеди енергија, но тоа никогаш не се постигнало.

Летното и зимското сметање на времето веќе се укинати во Русија, Турција, Белорусија и на Исланд.

Спонзорирано: