11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Белата куќа се сретна со советничката за Европа на Пенс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Белата куќа оствари средба со Моли Монтгомери, посебен советник за Европа, Евроазија и Русија на потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

„Во текот на разговорот двајцата соговорници се осврнаа на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области. Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која клучни надворешно-политички приротитети ѝ се членството во НАТО, ЕУ како и развој на стратешкото сојузништво со САД“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски, како што стои во соопштението, ја информирал Монтгомери за бројните злоупотреби од страна на актеуалната власт поврзани со нетранспарентност, селективна правда и избегнување одговорност за злоупотреба на законите. Тој потенцирал дека Република Македонија мора да се фокусира на реформи насочени кон создавање посилна економија со цел поголема благосостојба на граѓаните во нашата земја.

Соговорниците се согласија дека евро-атланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.

Мицкоски во рамките на својата посета на Вашингтон се сретна и со претседателот на Меѓународниот репубилкански институт, Даниел Твининг, кој на средбата беше придружуван од регионалниот директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.

„На средбата соговорниците се осврнаа на билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД и заемно се согласија дека е потребно понатамошно развивање на истите. Мицкоски и Твининг разговараа за загрижувачките трендови во Република Македонија поврзани со владеењето на правото и правната држава. Мицкоски го информираше Твининг за злоупотребите на институциите од страна на владејачката структура“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на разговорите посебен фокус се стави на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот републикански институт во процесот на програмска соработка со цел зацврстување на капацитетите на партијата и развојот на демократските процеси во Република Македонија.

Спонзорирано: