14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Дадов налог да се дислоцираат галиите од Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека дал налог за дислоцирање на галиите од Вардар и расчистување на шутот во реката, околу мостот за панорамското тркало.

Според него, за дислоцирањето на галиите и уривање на мостот за панорамското тркало ќе бидат потребни околу 5 милиони евра. Освен отстранување на трите галии, изградени во центарот на Скопје како дел од проектот Скопје 2014, Шилегов им наредил и на Јавното претпријатие Патишта и улици и градежната компанија Бетон, изведувач на објектот „Панорамско тркало“, да го расчисти градилиштето и да обезбеди максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост.

„Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста и со тоа сериозно се зголемува опасност од поплавите. Истовремено наложено му е на претпријатието ’Бетон‘ како изведувач на панорамско тркало да го среди своето градилиште да обезбеди максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост.

Воедно, ги повикуваме сите релевантни институции во државата да се вклучат во отстранувањето на штетите од овој проект, со цел да спречиме дополнителни трошоци и да ја обезбедиме сигурноста на граѓаните“, рече Шилегов.

Спонзорирано: