8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција ќе го легализира канабисот за медицински цели

Грчката влада сака да го легализира одгледувањето на канабисот за медицински цели поради зголемениот интерес на инвеститорите и можноста за помош на оваа индустрија при излезот на земјата од кризата. Денеска до грчкиот парламент беше доставен закон за легализација на производство на медицински канабис.

Минатата година во Грција беше дозволена употребата на медицински производи од канабис, меѓутоа само од увоз. Од владата изјавија дека се надеваат оти домашното производство и преработка би привлекле 1,5 милијарди евра инвестиции во рок до три години.