14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го опустоши здравството, обвини СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години го погазуваше достоинството на пациентите и лекарите и го опустоши здравствениот систем заради остварување на коруптивни и бизнис интереси на поединци, денес, во очај шири лажни вести и лицемерна загриженост, се вели во реакцијата на СДСМ на прес- конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, по 11 години запоставување на здравството, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство, вложуваат и активно работат на унапредување на целокупниот здравствен систем. Со новиот Буџет за 2018 година, лекарите ќе добиваат повисоки плати за пет отсто, а сериозно се инвестира и во медицинска опрема за здравствените домови низ Македонија. Истовремено, според најавите од Министерството, подготвени се низа на краткорочни и долгорочни мерки преку кои ќе се намали смртноста кај новороденчињата и родилките и за најмногу две години од сега таа да биде во рамките на европскиот просек.

„Пред да почне да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги следи медиумите и јавноста, така ќе дознае за сите реформи во здравството коешто го остави опустошено. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето на зацртаните мерки што ги унапредуваат правата на пациентите, ги подобруваат условите за работа на медицинскиот кадар и го опоравуваат здравствениот систем што со години беше уништуван“, соопшти СДСМ.