20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Двајца загинати и над 70 повредени при судир на возови во САД

Патнички воз се судри со товарен воз во американската држава Јужна Каролина рано наутро, по локално време.

Во несреќата, најмалку две лица загинаа, а 70 други се повредени, пренесоа американските медиуми, според кои на местото на настанот се излеале околу 19 тони гориво.

Властите од округот Лексингтон изјавија дека загинатите луѓе биле во патничкиот воз. Железничката компанија „Амтрак“ објави дека возот кој патувал од Њујорк кон Мајами „дошол во контакт“ со товарниот воз на компанијата CSX во месноста Кејс во Јужна Каролина.

Се тврди дека „главната локомотива излетала од пругата, заедно со неколку вагони“. Во патничкиот воз имало осум членови на екипажот и 139 патници.

Портпаролката на Медицинскиот центар во Лексингтон изјавила дека хоспитализирале 25 патници со помали повреди, а останатите биле распределени во неколку блиски болници.