17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган ги отфрли сите опции освен члеството на Турција во ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој утре ќе престојува во посета на Италија, ги отфрли сите опции освен зачленувањето на Турција во Европската Унија, алудирајќи на францускиот предлог за „партнерство“ на двете страни. „ЕУ треба да го исполни ветувањето кон Турција“, изјави Ердоган за италијанските медиуми.

Турскиот претседател утре се очекува да има средба со италијанскиот државен врв, како и со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

„ЕУ го блокира пристапот до преговорите и укажува дека ние сме одговорни што нема напредок. Тоа е неправедно, исто како што е неправедно што некои земји на ЕУ предлагаат нешто друго е на членство“, изјави Ердоган.

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на јануари предложи партнерство меѓу Турција и ЕУ, доколку не успеат преговорите за членство.

Спонзорирано: