10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Мицкоски оствари средба со претседателите на општинските комитети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информираат од партијата, на состанокот била разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.

Претседателот на партијата посочил дека стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици.

„Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд“, рекол Мицкоски.

Било посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието.

„Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инсттуциите станува основно средство за дејствување на власта“, било истакнато на состанокот.

Покрај тоа било констатирано дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судствотт, борбата против корупцијата, медиумската сфера и екононскиот сектор.