14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белград: Возило удри во автобус, 14 лица се повредени

Четиринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Белград. Верижниот судир се случил утринава во 5.30 часот, на улицата „Кнез Милош“, на раскрсницата кај зградата „Лондон”.

Според информациите од белградските медиуми, се судриле автомобил и градски автобус на линија 74. Прво автомобилот удрил во автобусот, кој потоа удрил во семафор, а семафорот паднал на камион. Повредени се возачот и совозачот во камионот, додека со тајтешки повреди се здобиле патниците во автомобилот, како и возачот на автобусот.

Еден патник од автомобилот без свест е пренесен во болница, во Одделот за реанимација. Останатите повредени се префрлени во Ургентен центар во Белград.

Спонзорирано: