17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Предупредувачко писмо на Северна Кореја до Трамп: Нема да седиме со скрстени раце

Северна Кореја предупреди дека нема да „седи со скрстени раце“ доколку САД ја реализираат одложената воена вежба со Јужна Кореја по зимската Олимпијада. Ова се наведува во писмото на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо до Обединетите нации.

Шефот на севернокорејската дипломатија Јонг Хо во писмото додава дека Пјонгјанг ќе ги вложи сите напори во иднина да ги подобри односите на двете кореи, но дека ќе реагира ако некој се обиде тие напори да ги осуети.

САД и Јужна Кореја се согласија да ја одложат редовната заедничка воена вежба до завршувањето на Зимската олимпијада во Пјонгјанг, која почнува наредната недела и ќе трае до 18 март.

Спонзорирано: