3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Косовското раководство да не биде како крава што го клоца своето млеко

Албанскиот премиер, Еди Рама, упати остри критики на адреса на актуелното раководство на Косово во врска со тенденциите да се укине Специјалниот суд.

Албанските медиуми информираат дека критиките биле насочени кон премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на Собранието, Кадри Весели, околу обидите да се укине Специјалниот суд. Рама во емисија на албанската ТВ „Визион плус“ изјави дека косовското раководство не треба да си создава нови проблеми бидејки треба да ги решава постојните. Тој додаде дека „укинувањето на Специјалниот суд ќе биде фатална грешка за Косово“. Според него, тоа би значело издавање на сите сојузници кои го овозможиле создавањето на косовската држава.

Албанските и косовските медиуми истакнуваат дека албанскиот премиер исто така ги навредил првите луѓе на Косово кога во своето обраќање рекол дека „косовоското раководство не треба да биде како крава што го клоца своето млеко“. /К.М.

Спонзорирано: