14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанската опозиција незадоволна од преговорите Тирана-Атина

Албанската опозиција не е задоволна од преговорите што се водат помеѓу претставниците на владите на Албанија и Грција за затворање на отворените прашања помеѓу двете земји.

„По средбите што ги остварија шефовите на дипломатиите на Тирана и Атина, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас , очигледно е дека сето она што се преговара е на штета на албанската држава“, изјави духовниот лидер на албанската десница, експретседател и експремиер на Албанија, Сали Бериша. Бериша ги повика Албанците да се подготват да ги бранат своите национални интереси бидејќи Владата на Еди Рама во преговорите со Грција не ги почитувала националните интереси на албанските државјани.

Бериша упати остра критика околу преговорите кои се водат за решавањето на поморската граница меѓу двете држави, потоа прашањето околу имотот на Чамите, како и укинувањето на Законот за војна, кој во Грција е сè уште на сила.

„Грција ја натера Албанија да бара гробови на грчки војници кои фактички ги нема“, нагласуваа опозицијата.

Албанските опозициони медиуми објавија информација дека на средбата на шефовите на дипломатиите на Албанија и Грција бил постигнат штетен договор за Албанија бидејќи Тирана се согласила да ѝ подари на Албанија 12 милји море. Весникот „Газета 55“ пишува дека сè што е договорено на последните средби на претставници на владите на Албанија и Грција е на штетана Албанија и притоа наведува дека Владата на левицата во Албанија не ја интересира многу националниот интерес туку интересите на личностите кои ја водат владата. /К.М.