20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше и ги осиромашуваше граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше и ги осиромашуваше граѓаните континуирано, со години, а парите ги трошеше на луксуз, споменици и богатење на поединци од оваа партија, реагира СДСМ на изјавата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, наместо реална политика или издржана, аргументирана критика, денеска ВМРО-ДПМНЕ пласира само лажни вести. Владата предводена од СДСМ преку одговорното работење со јавните финансии стратешки управува со долгот и ја стабилизира економијата“, велат од СДСМ.

Буџетските пари, додават од таму, се користат за спроведување мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и економски раст. „Впрочем, овие економски политики ги потврди и Народната банка на Македонија, којaшто како независно тело нотираше дека економијата се движи во нагорна линија и дека економската состојбата се подобрува“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: