6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Опозицијата да го поддржи процесот за решавање на спорот за името

Политичките актуелности, спорот за името, Законот за употреба на јазиците, како и евро-атланската интеграција и системските реформи биле тема на разговор помеѓу претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Од ДУИ информираат дека Ахмети зборувал со Тимоние за процесот посредуван од медијаторот Метју Нимиц за спорот со Грција и изразил целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот. Претседателот истакнал дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и ја поканил и опозицијата да го поддржи овој процес и со тоа да стане активен дел на успехот на граѓаните и нашата земја.

Ахмети го повторил и ставот на ДУИ околу неопходноста од продолжување со реформскиот процес во земјата и посветеноста на партијата да се продолжи со реформскиот процес.

Спонзорирано: