11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го осуди однесувањето на МНР со новинарот од „ТВ 21“

ВМРО-ДПМНЕ го осуди однесувањето на МНР, во врска со вчерашната реакција на „ТВ 21“ дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува несоодветното однесување на МНР и обидот за замолкнување на медиумите професионално да си ја вршат својата новинарска работа. Упатените закани за одземање акредитација се несфатливи и недозволиви за една државна институција.Денешното извинување не е доволно. Одговорност мора да има, а ваквите постапки соодветно да се санкционираат за да не се повторуваат во иднина“, велат од опозицијата.

Додаваат дека новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа. Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат во иднина новинарите непречено да си ја извршуваат својата работа, а институциите да се стават во заштита на слободата на изразувањето.