14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за здравство: Фармацевт со ретка болест ќе ја креира програмата за ваквите нарушувања

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, во работен однос во Министерството е ангажиран Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт, кој ќе работи во секторот фармација.

„Истовремено, ова лице ќе биде активно вклучено и во креирање на програмата за ретки болести. Имајќи предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата што директно се засегнати од имплементацијата на програмата активно се вклучуваат во нејзиното креирање“, информираат од Министерството за здравство.

Дополнително, лицето има претходно работно искуство во невладиниот сектор вклучувајќи и здружение за ретки болести.

Спонзорирано: