23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Идризово – полицијата излезе со детали

Затворен е повреден при тепачка во затворот „Идризово“. Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 16 часот кога затвореникот Р.Ѓ. (45) од село Јурумлери, Скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К.

На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.