12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште една трагедија ја потресе Македонија – во страшна несреќа загина Т.Ф.

Маж загина при изградба на автопатот Штип – Миладиновци – Скопје. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 11.50 часот, на 7,5 километри од клучката Штип. При изведување градежни работи, Д.М. (54) од Куманово, управувајќи работна машина „грејдер“, при враќање наназад го прегазил Т.Ф. (58) од село Ранковце, Крива Паланка. Од добиените повреди (фрактура на черепот) тој починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и екипа од СВР Штип. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.