20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мистерија во Скопје: „Голф“ изваден од реката Вардар

Украден „фолксваген голф“ бил пронајден во реката Вардар, од каде што вчера го извлекле пожарникарите. Вчера во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последната автобуска постојка на линијата 5, кај паркот Лисиче, имало возило што, најверојатно, излетало од патот.

Полициски службеници од Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54). Тој претходно пријавил во полиција дека возилото му било украдено пред домот на улицата Бриселска. Возилото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.