11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Февруари носи студен бран – метеоролозите соопштуваат кога да очекуваме снег и заладување

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала локална облачност особено на исток и тоа во претпладневните часови. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен вдолж Повардарието.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.

Во петок ќе преовладува зголемена облачност, ќе започне да дува поинтензивен јужен ветер, а од западните делови ќе започнат и врнежи од дожд кои ќе продолжат повремено и преку ноќта кога некаде ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во сабота врнежите ќе завршуваат и тоа во планинските подрачја на истокот каде што ќе има слаб снег и на повисоките места.

Спонзорирано: