6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Јас сум стабилен гениј

Во интервју за британскиот телевизиски канал ИТВ, државнaта глава на САД, Доналд Трамп, уште еднаш увери дека е стабилен гениј, пренесува „Ројтерс“. Коментарот на лидерот на Белата куќа доаѓа како одговор на обвинувањата дека бил луд и физички неспособен да владее со САД.

„Јас сум стабилен гениј“, беше краткиот одговор што Трамп го даде во интервјуто.

Тој во текот на разговорот навести и дека САД би можеле повторно да се вклучат кон климатскиот договор, но под услов создавање сосема поинаков договор бидејќи постојниот, како што рече, бил ужасен и катастрофален за неговата земја.

Американскиот претседател се соочи со критика од меѓународната заедница кога во јуни минатата година го најави повлекувањето на САД од договорот.

По долги и интензивни преговори, историскиот договор беше потпишан во декември 2015 од страна на 195 држави кои ветија дека доброволно ќе ги намалат емисиите на јаглерод во обид да ги запрат последиците од глобалното затоплување.

Спонзорирано: