Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и наместа влажни по осојничавите места.
На патниот правец Тетово – село Гајре, поради појава на магла, видливоста е намалена од 50 до 60 м.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез а излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.