12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вооружени напаѓачи нападнаа воена академија во Кабул

Џихадисти на Исламската држава презедоа одговорност за напад во комплексот на воената академија во Кабул, каде што загинаа најмалку пет лица.

Министерството за одбрана соопшти дека нападот започнал утринава со прв бомбашки напад на камикаѕи во кој загинале петорица, а биле повредени десет војници. Извори блиски на Министерството наведедоа дека нападот е завршен.

„Двајца бомбаши самоубијци се кренаа во воздух. Двајца други пред нападот беа убиени од нашите сили, а уште еден беше уапсен жив. Силите за безбедност запленија две пушки „калашников“ и експлозивен појас“, наведоа полициски извори.

Исламската држава набргу презеде одговорност за нападот.

Ова е трет напад во Кабул во последните 10 дена. Претходно, во саботата во напад на брзата помош во Кабул беа повредени неколку стотини лица.

Спонзорирано: