3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј: Велика Британија сака сеопфатен трговски договор со ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека земјата сака сеопфатен трговски договор со ЕУ, откако ќе ја напушти Унијата.

Меј синоќа посочи дека Лондон би можел да продолжи да биде глобален финансиски центар, дури и откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.

„Мислам дека градот Лондон ќе продолжи да биде голем глобален финансиски центар. Тоа не е само предност за Обединетото Кралство, туку и за Европа и за глобалниот финансиски систем“, нагласи Меј.

Велика Британија официјално треба да ја напушти Унијата во март следната година.

Спонзорирано: