11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Мајк Пенс во обиколка на Блискиот Исток

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ја започнува својата турнеја на Блискиот Исток, и покрај одлуката на неговата земја да ја премести амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што предизвика остри реакции на континетот.

Прес секретарот на Пенс, Алиса Фара, изјави дека тој ќе се сретне со лидерите на Египет, Јордан и Израел. Пенс денеска ќе пристигне во Каиро, каде е предвидена средба со претседателот на Египет Абдел Фатах ас Сиси, а потоа на 21-ви ќе се сретне со кралот на Јордан, Абдула II. Двајцата лидери чии земји имаат мировни договори и дипломатски односи со Израел ќе бидат клучни играчи ако американските медијатори на крајот успеат да го обноват израелско-палестинскиот мировен процес.

На 22. јануари, Пенс ќе започне дводневна посета на Израел, каде што ќе се состане со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Спонзорирано: