14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна е одлуката на судот да го продолжи притворот на Мукоски

Срамна, правно неоснована и политичка е вчерашната одлука на Апелациониот суд да го продолжи притворот на пратеникот Крсто Мукоски. Целосно неаргументирани се притворите и за другите уметници и патриоти во врска со измисленото дело тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Јавното обвинителство, дури по 50 дена почнува да ги повикува патриотите да дадат исказ во врска со политички конструираното обвинение.

„Цели 50 дена ЈО не преземаше никакви дејства во истрагата против десетици македонски патриоти. Луѓе лежат во притвор, а ОЈО ништо не работи. Ова е директен доказ дека во притвор се ставени заради чисто изживување врз нив и нивните семејства. Ова е невиден правен преседан. Притворот, наместо како мерка за обезбедување присуство, се користи како мерка за измачување и изживување со политичките неистомисленици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, не е првпат да се кршат правата на осомничените во текот на овој, како што велат, политички конструиран случај.

Спонзорирано: