13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Столтенберг се сретна и со Катица Јанева и обвинителите

Катица Јанева со нејзините колеги од Специјалното јавно обвинителство попладнево се сретнаа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во посета на Македонија. На средбата покрај Јанева, присуствувале и обвинителите Трајче Пеливанов и Стевчо Донев, еден од истражителите, како и шефицата на нејзиниот кабинет.„На средбата специјалниот јавен обвинител Јанева го информираше генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано. Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО“, пишува во соопштението.

Спонзорирано: