11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Велковски: Со Законот за урбаното зеленило ќе се зголеми процентот на зелени површини во градовите

Собранието на Република Македонија го донесе Законот на урбаното зеленило преку кој ќе се зголеми процентот на зелени површини во урбаните средини и ќе запре уништувањето на зеленилото, изјави Диме Велковски, пратеник од СДСМ во Собранието на Република Македонија.4

„На зеленилото во урбаните центри му беше потребна институционална заштита за што се наметна потребата од носење закон за урбано зеленило како посебен. Со него ќе се воведе целосен систем на планирање, подигање, поддржување, заштита и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон“, рече Велковски.

Со Законот, рече тој, се предвидува најмалку 20 проценти од секоја градежна парцела да бидат наменети за зелена површина, а во веќе изградените парцели ќе се прави надоместување, односно компензација преку поставување дрвореди и зеленило во жардинери и други начини и системи на озеленување.

Исто така, секоја општина ќе биде обврзана да изработи и таканаречен зелен катастар, односно да спроведе попис на целото зеленило на територијата на општината по број, вид и состојба на зеленилото, при што за сите идни генерални урбанистички планови утврден е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина на жител.

Законот за урбаното зеленило ги обврзува и сите физички и правни лица што имаат зелени површини редовно да ги одржуваат.

Спонзорирано: